Home Актуелно Во размена на заробеници Русија ослободи 114 украински борци

Во размена на заробеници Русија ослободи 114 украински борци

Од Министерството за одбрана на Украина објавија дека се случила нова размена на заробеници со Русија и дека, како што пишуваат, таа е најголемата од почетокот на руската инвазија. Според Украинците, 144 борци биле ослободени од руско заробеништво.

Од 144 ослободени борци, 95 се бранители на челичарницата Азовстал во Мариупол, а меѓу нив има и 43 припадници на Азовскиот полк, кои Русите го нарекуваат „нацисти“.

Меѓу ослободените борци има 30 маринци, 28 припадници на редовната армија, 17 гранични војници, девет припадници на територијалната одбрана и еден полицаец. Најстариот ослободен борец има 65, а најмладиот 19 години.

Повеќето од ослободените Украинци имаат сериозни повреди – рани од куршуми и шрапнели, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…