Home Спорт Ракитиќ: Сакам да останам во Барселона!

Ракитиќ: Сакам да останам во Барселона!

Плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ во интервју за шпанските медиуми проговори за својата иднина.

Се погласни се шпекулациите дека Ракитиќ ова лето ќе го напушти „Камп Ноу“ бидејќи Барселона сака да го стави на трансфер листа.

Меѓутоа, хрватскиот репрезентативец истакна дека сака да остане во Барселона и дека не го интересираат шпекуалции.

„Моето име е постојано е во медиумите, секоја година откако се преселив во Барселона, секој трансфер прозорец е ист. Јас разговарав со менаџментот на клубот и Валверде, и сакам да останам тука, клубот ги има истите планови“, истакна Ракитиќ.

„Отворена сум за се, тоа е фудбал. Инаку јас сум горд што други клубови се интересираат за мене. Тоа значи дека добро си ја вршам мојата работа“, додаде Хрватот.

Минатата сезона, Ракитиќ настапи на 54 натпревари во сите натпреварувања, постигна 5 гола и запиша 10 асистенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…