Ракетата Старшип успешно лансирана, а потоа експлодираше во воздух (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска Спејсекс ја лансираше досега најмоќната вселенска ракета Старшип која се вивна високо, но дојде до проблеми при одвојувањето на Старшип од ракетата Суперхеви при враќањето па целото летало на крајот експлодира во воздух.

„Како да самото лансирање на летот не е доволно возбудливо, Старшип доживеа брзо и непланирано раздвојување при одвојувањето од ракетата“, напишаа на Твитер од Спејсекс по тестирањето.

Од Спејсекс истакнаа дека целта било успешното лансирање, а дека сè потоа било само бонус во оваа фаза на тестирањето. Најавија и продолжување на тестирањата.

Тестниот лет на комплетниот Старшип требаше да се случи уште во понеделникот, 17 април, но беше откажан во последен момент.

Старшип е составен од 50-метарско летало дизајнирано за превоз на екипаж и товар кое се наоѓа на 70 метри високата погонска ракета Суперхеви. Заедно наречени Старшип, вселенското летало и ракетата Суперхеви никогаш не беа лансирани заедно иако имаше неколку суборбитални тестни летови на самото летало.

НАСА ќе ги превезе астронаутите во орбитата на Месечината во ноември 2024 година со помош на сопствената ракета Спејс лонч систем (СЛС), која се развива повеќе од една деценија. Старшип е поголем и помоќен од СЛС. Генерира потисок повеќе од двојно поголем од ракетата Сатурн 5, користена за испраќање на астронаутите на Месечината во рамки на мисијата Аполо.

Спејсекс планира прво да го постави Старшип во орбитата и потоа да го дополни со гориво со друг Старшип за да може да го продолжи патот до Марс и подалеку. Маск кажа дека целта е да Старшип да стане повеќекратно летало и така да се намали цената за неколку милиони долари по лет.