Рајан Рејнолдс во трејлерот за Deadpool 2 вметна „чиста порнографија“ од својата сопруга


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли со години се „тролаат“ еден со друг во јавност. Иако се среќен брачен пар, тие ја користат секоја прилика за да си прават сплети и шеги еден на друг и тоа не бирајќи време и место – од родендени, доделувања на награди, а еве очигледно, и во трејлери за нивните филмови.

Рајан Рејнолдс го заврши снимањето на Deadpool 2, а во најавното видео за филмот едноставно мораше некако да ја спомене својата жена. Така, неговиот лик во една од репликите вели: „Да се прави правилната работа понекогаш е неуредно, но, ако сакате да се борите за она што е добро, понекогаш мора да се борите валкано. Поради тоа Sisterhood of the Traveling pants се чиста порнографија“.

Потсетуваме, улогата во тој филм е една од првите и најпознати улоги на неговата сопруга. Филмот, во кој покрај неа глумат и Америка Ферера, Амбер Тамблин и Алексис Бледел, е снимен во 2005 година, а неговото продолжение во 2008 година.