Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повторно е отворен „случајот Донарума“. Италијанските медиуми пренесуваат дека Мино Раиола ќе го тужи фудбалскиот клуб Милан и ќе бара раскинување на договорот на младиот голман.
Донарума ова лето потпиша нов договор со Милан, иако неговиот агент Мино Раиола не се согласуваше. поред пишувањата на Кориере дела Сера, контроверзниот агент сега им приредува нов шок на „росонерите“.
При потпишувањето на договорот на Донарума, Раиола не беше присутен во канцелариите, а претходно било договорено во договорот да стои откупна клаузула од 40 милиони евра доколку Милан не се пласира во ЛШ, односно 70 милиони ако „росонерите“ завршат во Топ 4.
Наводно Милан во договорот не ги вметнат клаузулите, па Раиола сега бара договорот целосно да биде поништен. Ова барање е поткрепно со документ од самиот Џиџо Донарума, кој се жали дека бил цел на психолошки притисок и ги потпишал документите без неопходниот мир. Па адвокатскиот тим се повикува на членот 1435 од Цивилниот Код на Италија и бараат да биде раскинат договорот.
Јасно е дека Раиола сака да ја искористи ситуацијата, да се обиде на суд да го раскине договорот и да го напави Донарума слободен играч. Наводно тој веќе има договор со ПСЖ и ќе добие огромна провизија од „светците“.
Сапуницата продолжува, па остаува да видиме каков ќе биде епилогот.