Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Хамлетмашина“, можеби најконтроверзниот драмски експеримент на Хајнер Милер, е краток постмодернистички драмски текст напишан во 1977 година, до денес неверојатно актуелен по силината со која ја отсликува положбата на интелектуалецот во современиот свет низ призмата на добро познатите хамлетовски дилеми.
Во својот катаклизмичен текст, Хајнер Милер ги испитува механизмите за борба. Актерот-Носител на хамлетовиот лик му се спротивставува на Хамлет-ликот. Хамлетовските интелектуални дилеми на немоќ на насилството да се одговори со насилство, во кое единствената автентична желба е да се биде машина без мозок, се претвораат во Офелиина/Електрина потреба од експлозивна насилничка побуна на работ на издржливоста и самоконтролата.
Радио-драмата „Хамлетмашина“ во видувањето на Бузалковска е аларм, црвено светло кое преку мрачните визии на Милер потсетува дека долгогодишното потиснување на желбата за слобода, еднаквост и правда произведува агресија која може да води кон ослободување или кон потполно уништување, разорување, одмазда. А таму, на крајот од Милеровата потрага по излез од крвавото колење, е тишината. Ледено доба.
Настапуваат:
Хамлет: Александар Степанулески
Офелија: Нина Максимова
Наратор: Зоја Бузалковска
Монтажа: Николај Митревски