Home Актуелно Работодавците од свои пари ќе го дада покачувањето на минималната плата за септември

Работодавците од свои пари ќе го дада покачувањето на минималната плата за септември

Работодавачите ќе мора овој месец од своите пари да исплатат за септември минималната плата од 12 илјади денари, а потоа да бараат финансиска помош од државата. Управата за јавни приходи го објави упатството, според кое помошта им следува на работодавачите кои минатата година оствариле загуба или нето добивка помала од 10 проценти од вкупните расходи.

За оваа мерка државата ќе дава од петстотини до 2.000 денари по вработен, во зависност од платата што ја имале работниците.

„Финансиската помош се обезбедува за период од септември 2017 до февруари 2018 година. Следува за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година“, велат од УЈП.

За да бараат помош од државата работодавачите мора редовно да ја исплаќаат платата, да не се во постапка за стечај или ликвидација и да не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Работодавачите кои ќе добијат субвенции од државата, не смеат да ги отпуштат работниците минимум една година. Во спротивно ќе треба да ги вратат парите.

Државната помош ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика, а контролата ќе ја прават инспекторите од Државниот инспекторат за труд. Според пресметките на Министерството субвенционирани ќе бидат над 76 илјади работници. За еден месец од буџетот ќе се трошат 1.5 милион евра.

Од март следната година помошта ќе се намали на 50 отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…