Путин спореден со Хитлер – тајните писма на „Црниот пајак“ кои ја разбрануваа британската и светската јавност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новокрунисаниот британски крал Чарлс III во минатото долго време пишувал тајни мемоари и писма кои потоа ги праќал до видни министри и политичари, а во едно писмо од 2014 година го споредил рускиот лидер Владимир Путин со Адолф Хитлер, поради анексијата на Крим, пренесува Мондо.

Според пишувањата на Чарлс во тие мистериозни писанија, Путин со својата „брутална агресија“ предизвикал „ужасно страдање и уништување“. Принцот кој над половина век чекаше да стане крал имал и несекојдневни размислувања за глобалното затоплување, генетскиот инженеринг, архитектурата и социјалната деградација на човештвото.

Писмата на „Црниот пајак“ беа само легенда и анегдота во Велика Британија сѐдо 2015 година кога судот наредил тие да бидат објавени во најголем дел по барање на новинар од Гардијан по име Роб Еванс. Дознавајќи за ова медиумите за брзо го нарекоа Чарлс „принцот што се меша“ во работите на државата. Тоа е затоа што од британската кралска фамилија по традиција се очекува да остане неутрална во однос на политиката.

Еванс ја почнал постапката за објавување на писмата во 2010 година. До 2012 година предметот паднал на суд, но по жалбата на Врховниот суд, во 2015 година британската влада и кралското семејство биле принудени да ги откријат мемоарите.

Џо Армитаж, водечки британски политички аналитичар во „Глобал Каунсел“, во врска со ставовите на Чарлс изјави:

– Отсекогаш постоела загриженост во одредени делови од владата, особено поради таканаречените писма на „Црниот пајак“ кои тој редовно им ги испраќал на министрите, дека Чарлс јавно ќе го изрази своето мислење и ќе се обиде да влијае на прашања од јавната политика. Тој, сепак, во своето прво обраќање до нацијата јасно стави до знаење дека веднаш ќе престане да го прави тоа, сугерирајќи дека ќе владее совесно и непристрасно во исто светло како и неговата покојна мајка.

– Она каде тој ќе се разликува (како крал) се однесува на големината и имиџот на кралското семејство во јавноста. Тој долго време се залагаше за намалена и модернизирана форма на монархија – додава британскиот аналитичар.