Путин: Ако има Четврта светска војна – ќе се води со дрва и камења


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одговарајќи на директното соочување за прашања со граѓаните, во врска со евентуален глобален воен конфликт помеѓу најголемите воени сили, Владимир Путин кусо цитираше зборови на научникот Алберт Ајнштајн.

„Не знам каков вид на оружје ќе доведе до избувнување на Третата светска војна, но четвртата би се водела со палки и камења“, изјави рускиот претседател.

Ваквата изјава на Путин следи ден откако НАТО соопшти дека земјите членки треба да ги зголемат своите воени капацитети за можен одговор на руската агресија. Путин вели дека тоа би било катастрофално за цивилизацијата, па заради тоа треба светот да се држи подалеку од нов глобален воен конфликт.

Во воената реторика на НАТО се најде и Македонија. Американската амбасадорка Кеј Бејли Хачинсон изјави дека алијансата е подготвена да ја брани земјава од руска агресија.

За поранешниот амабсадор во НАТО, Нано Ружин, ваквите изјави не треба да се сфатат здраво за готово, зашто како што вели, Македонија е премала земја за да навистина се најде на линијата на огнот.

„Малку е веројатно дека Русија би ја нападнала Македонија, Руското влијание во Македонија не е големо, но има интерес пред се во сферата на енергетиката. Не треба да претеруваме дека сме центарот на светот. Нема опасност по нашата безбедност“, вели Нано Ружин