Home Спорт Првото засилување за Солскјер пристигнува од Италија

Првото засилување за Солскјер пристигнува од Италија

Јувентус и Рома синоќа го одиграа големото дерби во 17-то коло од Серија А, а на трибините имаше скаути од цела Европа.

Меѓу нив имало и скаути од Манчестер Јунајтед, кои бараат засилувања за одбраната, што ќе биде приоритет во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми пишуваат дека скаутите го следеле Костас Манолас од Рома и ќе се обидат да го ангажираат во зимскиот преоден рок.

Олеснителнат околност за „црвените ѓаволи“ е што грчкиот репрезентативец има откупна клаузула од 36 милиони евра, што нема да претставува проблем за Манчестер Јунајтед.

Англискиот клуб е спремен да му понуди многу подобри финансиски услови, па доколку Манолас каже ДА, тогаш Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…