Home Наука и техонологија Првиот Porsche 911 кабриолет од 1964 година се продава на аукција во Париз

Првиот Porsche 911 кабриолет од 1964 година се продава на аукција во Париз

Прототип на кабриолет верзијата Porsche 911 од 1964 година ќе биде понуден на продажба на аукцијата што на 8 февруари ќе се оддржи во Париз. Се очекува автомобилот да достигне цена од милион евра.

16-12-porsche-911-1

Компанијата Porsche денеска на пазарот  нуди неколку кабриолети верзии, како и Targa варијанта на својот легендарен модел „911“, но овој автомобил на почетокот не беше достапен во варијанта со отворен покрив.

16-12-porsche-911-2

Првиот кабриолет беше прототипот со ознаката „901“, а единствен од преостанатите сочувани примероци е токму автомобилот прикажан на фотографијата.

Во текот на развојот, во периодот од 1963-1964 година, изработени биле вкупно 13 прототипови со фабричката ознака „901“, а преживеале само два – еден во купе верзија и овој единствен кабриолет што ќе се појави на февруарската аукција во Париз.

16-12-porsche-911-3

Прототипот на кабриолетот го поплочи патот за првиот Porsche 911 Targa, од 1967 година, а потоа и до класичниот кабриолет што беше претставен во 1982 година.

Поради својата ексклузивност, но и историско значење, се очекува овој автомобил да достигне цена меѓу 850.000  и милион евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…