Home Актуелно Првиот човек на ОН алармира: Околу три милијарди луѓе на планетава не можат да си дозволат да се хранат здраво

Првиот човек на ОН алармира: Околу три милијарди луѓе на планетава не можат да си дозволат да се хранат здраво

Околу три милијарди луѓе, или 40 отсто од светската популација, не можат да си дозволат да се хранат здраво, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео обраќање по повод Светскиот ден на храната.

Гутереш истакна дека ситуацијата, како резултат на пандемијата на коронавирус и проблемите што ги предизвика во економијата, сериозно се влоши – на околу 140 милиони луѓе сега им недостига храна.

– Во исто време, начинот на кој одгледуваме, консумираме и рециклираме храна е товар за нашата планета. Тие создаваат невидени климатски и еколошки тешкотии што не чинат трилиони долари”, рече генералниот секретар на ОН.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Луѓето со оваа крвна група се под поголем ризик од срцеви заболувања

ОВА КРВНА ГРУПА Е ПОВЕЌЕ ИЗЛОЖЕНА НА РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Вашата крвна група влијае …