Home Актуелно Првата работна недела во 2021 започнува со дожд и снег на планините

Првата работна недела во 2021 започнува со дожд и снег на планините

Првиот работен понеделник во 2021 година во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде се очекуваат и ретки грмежи и засилен ветер.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Снег ќе има и на повисоките населени места во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а веќе во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе врне снег. Повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…