Home Живот и здравје Прва фаза од тестирањето врз луѓе на вакцината против коронавирусот во САД

Прва фаза од тестирањето врз луѓе на вакцината против коронавирусот во САД

Американските научници ја започнаа првата фаза од тестирањето на вакцината за коорнавирусот врз луѓето. Тие се надеваат дека во рекорден рок можат да ја развијат потенцијалната вакцина против Ковид-19.

Првите инјекции ги примија здрави волонтери на Институтот за истражувања „Кајзер перманенте“ во Сиетл, пренесе Гласот на Америка.

-Ние сме сега тим за коорнавирусот. Сите сакаат да направат што можат во оваа вонредна состојба, рече шефицата на истражувањата Лиса Џексон.

Ова е само почеток на серијата експерименти врз луѓето, со цел да се покаже дали вакцините се сигурни и дали воопшто се ефикасни. Дури и да се покаже дека е се во ред, инјекциите нема да влезат во употреба во следната година, една и пол година, изјави Ентони Фауци од американскиот Национален институт за здравје.

Сепак, изнаоѓањето на вакцината е многу итно и приоритет за јавното здравје, рече Фауци и наведе дека ова е првиот чекор во тој правец.

Американски новинари присуствувале на првото вакцинирање, кога меѓу првите волонтери се појавила и менаџерка во мала ИТ компанија. Пред неа, како што наведуваат американските медиуми, биле уште три лица во тестот за кој се пријавиле 45 волонтери, кои ќе примат две дози вакцина во период од еден месец.

-Не знам што можам да направам. Ова е одлична можност за мене да направам нешто, рече Џенифер Холер од Сиетл, додека чекала ред да ја прими вакцината.

Вакцината со кодно име mRNA-1273, се прави во соработка со Националниот институт за здравје и биотехничката компанија Модерна. Инк од Масачусетс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …