Актерот Идрис Елба позитивен на коронавирус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот британски актер Идрис Елба објави дека е позитивен на новиот коронавирус, иако сè уште немал конкретни симптоми. Поради тоа тој се самоизолираше и порача дека е добар.

„Се чувствувам добро, засега немам никакви симптоми, но сам се изолирав. Останете дома и бидте прагматични. Ќе Ве известувам како сум… Без паника“, напиша Елба.

По објавата на Елба филмските студиа објавија дека го прекинуваат снимањето ширум светот.

Студиото „Варнер Брос“ вчера најави дека прекинува снимањето на четвртото продолжение на „Матрикс“, како и третото продолжение на „Fantastic Beasts and Where to Find Them“.

И студијата „Јуниверзал Пикчрс“, „Нетфликс“ и „Дизни“ исто така ги прекинуваат снимањата.