Прв настап на жешките Pussycat Dolls после десет години пауза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После десетгодишна пауза од нивниот последен заеднички настап, атрактивните припаднички на некогаш славната женска група Pussycat Dolls повторно се собраа за да настапат заедно на сцената во рамки на шоуто „X Factor”.

Тие биле премногу возбудени за настапот, а Никол Шерцингер којa инаку е дел од жирито на емисијата, нагласила дека ова е само почеток.

„Беше одлично повторно да настапиме заедно. Енергијата од публиката беше неверојатна и нè поттикна да продолжиме понатаму”, изјавила сексапилната пејачка.

Шерцингер по 10 години се врати на сцената со Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Кармит Бачар и Џесика Сутa.

„Каква енергија! Чиста магија, како воопшто да не поминало време. Неверојатно е повторно да се биде на сцена со своите девојки, на потполно ново ниво”, изјавила Кармин.

The Pussycat Dolls планираат и турнеја како дел од своето враќање на музичката сцена.