Протести во скопски Аеродром против ДУП на градоначалникот Конески


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека на оваа зелена површина кај Мајчин дом ќе има висококатница, аеродромци реагираат. Според граѓаните кои ги анкетиравме, не треба секое зеленило што го има да се замени со бетон, што според нив, дополнително ќе придонесе за загадување на воздухот.

Новиот Детален урбанистички план предвидува 8 катница плус поткровје кај Мајчин дом. Од СДСМ бараат  итно да се повлече, како што велат, спорниот ДУП во Аеродром.

Го повикуваме Ивица Коневски да даде одговор на следните прашања, дали е точно дека зад оваа изградба стои Орце Камцев, со фирмата Мас констракшн, кој ја купил парцелата. Токму тие ќе уништат оваа парцела 3580 метри квадратни, вели Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Нема ништо нелегално во Деталниот урбанистички план, тврди градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески. Според него, протестите пред општината ги организира СДСМ.

Се работи за приватно земјиште коешто е во градежна зона. Тоа земјиште е станат по пат на продажба уште во времето на СДСМ, вели Ивица Конески, градоначалник на Општина Аеродром.

Дел од аеродромци повторно на протест пред општинската администрација, бараат повлекување на Деталниот урбанистички план.