Home Актуелно Прост народ – силна држава, таа ни е реалноста

Прост народ – силна држава, таа ни е реалноста

На скопскиот плоштад овторно пропаднал камион, веројатно при подготовките на манифестацијата „Пиволенд“ што треба да се одржи во центарот на градот.

Претходно уште во 2017 година непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон, камион пропадна во партерната фонтана на плоштадот.

„Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито“, изјавија тогаш од Град Скопје.

Водата што прска од фонтаната, истакнуваат оттаму, понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.

Следната случка беше лани во март кога на плоштадот се преврте машина за чистење, односно пропадна во голема дупка на плочникот. Повредени лица нема, а екипи на МВР се повикани за да извршат увид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…