Пропадна романсата меѓу славниот рапер и Ирина Шајк


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


44-годишниот рапер и рускиот супермодел (35) предизвикаа шпекулации за љубовна врска минатиот месец, кога беа видени на прошетка низ Париз на роденденот на Канје.

Според „Пејџ сикс“, раперот неодамна ја поканил Шајк да го придружува на модната недела во Париз, но таа го одбила бидејќи не била заинтересирана за љубовна врска.

Инсајдерот откри: „Таа го сака како пријател, но не сака врска со него“.

„Ирина не сака да ги подгрева шпекулациите дека се заедно, што секако ќе се појават во весниците ако се појави во Париз со него.” вели инсајдерот, додавајќи дека Ирина била прилично револтирана кога минатиот месец беа објавени фотогрфиите од нив двајца во Париз за роденденот на раперот.

Иако таму имаше десетици пријателки, супермоделот веднаш романтично ја поврзаа со раперот иако присуствуваше на настанот како негов пријател.

„Ирина отиде на неговата роденденска забава како пријателка. Имаше уште 50 други луѓе. Таа не сака во моментов да биде поврзана со никого “, изјави изворот за „Пејџ сикс“.

Ирина, наводно, е многу среќна што е сингл во моментов и не сака да влетува во сериозна врска со никого.