Home Вебкафе Пронашла вештачки нокт и дрога во колата, па мислела дека сопругот ја изневерува, но…

Пронашла вештачки нокт и дрога во колата, па мислела дека сопругот ја изневерува, но…

Кога во автомобилот на својот сопруг нашла вештачки нокт и дрога, сопругата на Муханад Кадур мислела дека сопругот ја изневерува, но вистината криела сосема друга приказна.

Муханад Кадур никако не можел да ја убеди својата жена и да докаже дека нема поим од каде во нивниот автомобил мириса на марихуана и како вештачки женски нокт се нашол во него.

„Мојата жена, како и сите други што би направиле, веднаш почна да испитува од каде е сето тоа и со кого сум бил во автомобилот. Тогаш и самиот почнав да чувствувам мирис на марихуана, а бидејќи ниту јас, ниту било кој друг што се вози во колата не пуши, почнав да се грижам“, вели тој.

Една вечер, додека проверувал дали автомобилот му е заклучен, забележал дека автоматскиот клуч не реагира, што значи дека автомобилот бил заклучен однатре.

„Видов двајца како седат во мојата кола. Бев толку шокиран што ги погледнав и регистарските таблички за да се осигурам дека тоа е мојот автомобил“, додава Муханад.

Објасни дека неговиот автомобил нема класичен клуч, туку се заклучува со помош на сигнал, а тие двајца во автомобилот имале уред кој може да го копира тој сигнал.

„Јас се обидував да ги заклучам внатре, а типката цело време го отклучуваше автомобилот со помош на тој уред. На крајот успеав да ги заклучам и повикав полиција“, раскажува тој.

Кога на местото стигнале дури осуммина полицајци, едноставно ја отклучиле вратата и ги пуштиле надвор, тврди Муханад.

„На полицајците им рекоа дека автомобилот имал отворен прозорец, дека тропале кај соседите, а кога никој не им отворил, наводно влегле во возилото. Типката го сокри уредот од полицијата, а тие едноставно ги пуштија. Тие двајца скитници влегуваа во мојот автомобил, ми ги крадеа работите, го валкаа возилото и пушеа марихуана внатре, а потоа слободно си заминаа од местото“, огорчено коментира тој.

„Еден ден ја сретнав таа жена, помина покрај мене и не сакаше да разговара. Мислам дека станува збор за банда која оперира во источен Лондон. Ми крадеа полначи и очила за сонце од автомобилот, но не ми го украдоа возилото, па се извлекоа преку дупка во законот. Мислам дека не можам да направам ништо за јас и сопругата да се чувствуваме безбедно“, налутено заклучува тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…