Променливо облачно со дожд и засилен ветер


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Попладне и во вечерните часови, особено во западните и северните делови, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер до над 70 километри на час и појава на град.