Променливо облачен вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот 15-ти ноемвриски ден, вторник, во Македонија ни носи променливо облачно време.

Претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините, а попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.