Променлива среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот мартовски ден во Македонија носи променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степена.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец со дневна температура до 16 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид и Битола 14, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 17, Дојран 18.