Home Актуелно Променлив четврток

Променлив четврток

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од Скопската котлина со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени. Маврово 21, Охрид и Берово 23, Битола 26, Крива Паланка 25, Кавадарци 28, Дојран 29.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен во сабота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…