Продолжува судењето на Заев: Денес ново рочиште за Поткуп


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првообвинет во случајот Поткуп е Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за овој случај, во кој Заев е обвинет за примање поткуп како градоначалник на Струмица.

Судските рочишта за овој случај досега неколку пати беа одложувани поради наводни средби на Заев со дипломатски претсtавници во земјава и отсуство на неговите адвокати.

Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот Владимир Милошевски. Тие велат дека обвинителот е соучесник во злосторничко здружување за овој случај. Одбраната се сомнева дeкa токму Милошевски ја дал снимката од кабинетот на градоначалникот од која се гледа дека Зоран Заев од струмички бизнисмен наводно бара пари како противуслуга за издавање дозвола за градба. Специјалното јавно обвинителство информираше дека против обвинителот Владимир Милошевски не се води предистражна постапка, но дека отворило постапка за истражување на сомневања за монтирање случај против Заев.

И Јавното обвинителство за организиран криминал го одби барањето за изземање на обвинителот Милошевски.