Home Актуелно Продолжението на седницата за Законот за јазици закажано за денес – дали има договор?

Продолжението на седницата за Законот за јазици закажано за денес – дали има договор?

Собранискиот спикер Талат Џафери за денес, вторник, 6 март, го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред се и амандманите за Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Засега нема информации дали пратениците утре ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.

На дневен ред на 32. седница, меѓу другите, се и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини и на Законот за земјоделско земјиште, двата по скратена постапка чии прелагачи се пратеници од владејачкото мнозинство. Пратениците треба да ги донесат и измените на законите за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица и на пратеници, со кои се намалува надоместокот за патни трошоци на пратениците и други именувани избраи лица, а треба да се гласа и за финансиски планови за 2018, предлог-одлуки и годишни извештаи.

За утре е закажано и продолжение на 11. седница која има заостанато една точка на дневниот ред и тоа измени на Законот за заштита од пушење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…