Проблеми со двојазичноста – функционерите не се разбираат меѓу себе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двојазичноста создава нови проблеми особено во комуникацијата на новинарите со институциите. Без обезбеден превод за македонските новинари, вицепремиерот Бујар Османи по средбата со Директорот на Агенцијата за двојазичност на прашањата одговараше на албански јазик без да ги одговори истите на македонски. Новинарите Македонци побараа да бидат поставени прашања и на македонски, но и директно го прашаа владиниот генсек Рашковски дали разбра нешто од кажаното на албански, јавува ТВ Алфа.

Токму преводот ќе биде и најголем предизвик во однос на Законот за употреба на јазиците признава Османи. Сепак власта била задоволна од брзото темпо на имплементација на двојазичноста.

Не само Османи и првиот човек на Агенцијата за двојазичност одвај се обрати на македонски по барање на новинарите. Без конкретни информации вели дека по формирањето на целиот состав на Агенцијата ќе споделат што ќе работат.

Новите кадровски решенија кои треба да станат дел од новоформираната агенција ќе биле досегашен кадар на Генералниот секретаријат на Владата.

Законот за двојазичност кој влезе во сила без потпис на претседателот Иванов досега веќе неколкупати предизвика проблеми во комуникацијата. Двојазичноста им даде одврзани раце на функционерите Албанци во институциите – па наместо и на македонски изјавите за медиумите ги говорат само на албански јазик, што беше случај со пратеникот на ДУИ Ејуп Алими.

На прес конференцијата неодамна на вицепремиерот Бујар Османи со генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка Брегу, која по потекло е од Албанија, се говореше само на албански, а оправдувањето беше дека задоцнил преведувачот. И градоначалникот на Велес Аце Коцевски на конференција со министерот за образование Адеми бурно реагираше бидејќи не беше обезбеден превод од албански на македонски.

На голем дел од институциите веќе се поставени и двојазични табли.

Извор: ТВ Алфа