Home Актуелно Прлепчанец пријавен бидејќи се иживувало врз куче

Прлепчанец пријавен бидејќи се иживувало врз куче

Педесет и шестгодишен прилепчанец, пред неколку дена, се изживувал врз куче, односно како што информираат од МВР, на градскиот плоштад донел куче и почнал да го бојадиса со црвена боја за чевли.

„Имено, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 07-ми овој месец, околу 11,00 часот, на плоштадот “Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови. По извесно време а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност“.

Од МВР информираат дека против прилепчанецот е поднесено известување до Обвинителството поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело -“мачење животни“ по чл.233 од КЗ на РМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…