Home Актуелно Приведени газдата на „Дуро-Турс“ и возачот кој го возеше превртениот автобус

Приведени газдата на „Дуро-Турс“ и возачот кој го возеше превртениот автобус

Меѓу шесте лица кои беа приведени во рамки на случајот со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци приведени се возачот кој го управуваше кобниот автобус и сопственикот на превозникот „Дурмо-Турс“.

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев во моментов на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс” со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика” и „Систина”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…