Home Актуелно Приведени 24 танчерки од странство пронајдени во угостителски објект во Тетово

Приведени 24 танчерки од странство пронајдени во угостителски објект во Тетово

Синоќа при акциска контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина), информираат од МВР од каде што додаваат дека девојките се приведени.

Исто така, и кај едно женско лице од Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско бил пронајден нож, пренесува „Макфакс“.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Од полицијата информираат и дека во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…