Home Актуелно Притворите за Груевски и Јанкуловска на разгледување во Апелација

Притворите за Груевски и Јанкуловска на разгледување во Апелација

На седум едноподруго јавни седници, тројца судии на скопска Апелација ќе ги разгледуваат жалбите од СЈО за неопределување притвор за обвинетите во случаите „Титаник“ за изборни измами.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува за слободата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, како и по нивните жалби за одземање на пасошите и мерките да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Прв според најавите од судот е лидерот на партијата, Никола Груевски.

Обвинителниот акт во случајот „Титаник“ опфаќа 21 лице обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за изброната кампања, уништување изборен материјал, повреда на слободата на определување на избирачите, злоупотреба на службената положба и областување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…