Home Актуелно Примопредавање на претседателскиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ

Примопредавање на претседателскиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ

Во саботата во Валандово на 16-от конгрес на ВМРО-ДПМНЕ беше избран новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски. По тој повод денес партијата излезе со соопштение до јавноста.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Денес 25 декември 2017-та година почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изврши примопредавање на кабинетот на новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата. Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе преставува фактор во креирањето на стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакна Мицкоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…