Пријава за прилепчанец кој затаил данок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Битолската полиција поднесе кривична пријава против Т.Т. од Прилеп, управител на второпријавеното правно лице ДОО Футура Тони и др, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Во текот на 2015 година Т.Т., иако остварил реален приход од 4.263.847 денари, при поднесување на годишен даночен биланс пријавил помал износ односно 281.372 денари помалку, кои не биле оданочени со 10 насто данок на добивка.

По извршениот инспекциски надзор од Управата за јавни приходи утврдено било дека за период од 2014 и 2015 година пријавениот пријавил околу 23.800 евра помалку приход од реалниот, кои останале неоданочени, соопштија од МВР.