Home Актуелно Причината зошто пропадна една од најмоќните банки на светот, швајцарската Кредит Свис, ќе остане тајна до 2073 година

Причината зошто пропадна една од најмоќните банки на светот, швајцарската Кредит Свис, ќе остане тајна до 2073 година

Истрагата на швајцарскиот парламент за колапсот на една од најголемите банки во светот, Кредит Свис, ќе остане запечатена како тајна во следните 50 години која официјално формално ќе може да се дознае дури во 2073 година, се тврди до документ на парламентот.

Комисијата ќе го предаде документот на чување во Швајцарската федерална архива на подолг период од вообичаените 30 години „за да се осигураат високи нивоа на доверливост на истрагата.“

Со истрагата ќе бидат опфатени активностите на швајцарската влада, финансискиот регулатор и централната банка се до итното преземање на Кредит Свис од УБС во март годинава.

Ова е само 5-та ваква истрага во историјата на модерна Швајцарија, а парламентарците кои ќе ја спроведуваат имаат моќ да повикаат кого бил од швајцарската влада, министерството за финансии и други државни органи.

Први што се пожалија на продолжениот рок е Швајцарското друштво за историја, кои побараа историчарите поскоро да имаат пристап до документите од истрагата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…