Home Спорт Презентиран проектот: Милано ќе го има еден од најубавите стадиони во Европа (видео)

Презентиран проектот: Милано ќе го има еден од најубавите стадиони во Европа (видео)

Милан и Интер официјално потврдија дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа, пренесуваат италијанските медуми.

Проектот денес беше претставен до советот на општината во Милано, па наскоро се очекува да стартува изградбата на стадионот, но и мултифунционален комплекс веднаш до стадионот.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2024 година.

Новиот стадион ќе биде со капацитет од околу 65.000 места,а двата клуба потврдија дека целиот проект ќе ги чини 1,2 милијарди евра.

Новиот стадион во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Миланските клубови денес преку видео презенираа како ќе изгледа стадионот, но и целиот комплекс околу стадионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…