Home Актуелно Превртен камион на автопатот Тетово-Скопје го отежна сообраќајот утрово

Превртен камион на автопатот Тетово-Скопје го отежна сообраќајот утрово

Утрово, околу 6 часот и 30 минути, на автопатската делница Тетово-Скопје, во близина на надвозникот за село Добарце, се преврте камион со тетовски регистарски таблички, поради што сообраќајот се одвива во отежнати услови.

Според информации од СВР Тетово, возачот на камионот, од засега неутврдени причини, изгубил контрола над возилото по што се превртело, пренесува 360 Степени.

Возачот Ф.А (48) од Порој и совозачот Б.З. (29) од Селце се здобиле со повреди и се преврлени во тетовската Клиничка болница. Неофицијално се во стабилна состојба.

На местото увид извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на причините и околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.

Сообраќајот на местото се одвива забавено и по една коловозна лента.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…