Home Шоубизнис Претпремиерно: Ѕирнете ги првите 3 минути од премиерата на осмата сезона од Walking Dead

Претпремиерно: Ѕирнете ги првите 3 минути од премиерата на осмата сезона од Walking Dead

Исечокот од три минути кој е објавен на YouTube е дел од премиерата на осмата сезона од планетарно популарната серија Walking Dead.

Серијата на малите екрани се враќа овој викенд, па исечокот од Mercy, насловот на првата епизода од новата сезона, му доаѓа како претпремиерно загревање на страстите од најпосветените фанови на оваа сериска франшиза.

Во видеото Рик им се обраќа на своите сојузници велејќи им дека лично тој ќе го убие Неган.

Првата епизода од осмата сезона во САД ќе биде прикажана на 22 октомври, а во Велика Британија ден подоцна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Промени во актерската екипа на „Бриџертон“ сезона 5: Големо заминување, многу враќања и главна улога сведена на камео

Се очекува петтата сезона на „Бриџертон“ да дебитира следната година, а ние ги имаме сите …