Претпладне сонце, попладне услови за дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во Македонија, во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14,а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилување на ветерот. Повремено засилен ветер од северозапад ќе има в сабота преку денот.