Пресверт: Мијалков се (по)јави – навистина се (по)јави


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пресвртница во случајот со потрагата по Сашо Мијалков. Откако цела јавност се крена на нозе заради неговото исчезнување и евентуално бегство од земјава, Мијалков денес сам се појави во Обвинителството. Во изјва за медиумите рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.

По два дена потрага по него, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков попладнево сосема сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје.

Во изјава за 24 Вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера почувствувал симптоми на коронавирус и имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.

„Вчера бев изолиран затоа не можеа да ме најдат“, посочи Мијалков.

Тврдеше дека воопшто не го напуштил Скопје, ама дека не знаел дека ила распишана потерница по него, затоа што имал 40 степени температура.

Рече дека дошол само да го земе решението за домашен притвор.