Home Актуелно Пресуда за судскиот спор меѓу Вице Заев и Александар Николовски на 22 април

Пресуда за судскиот спор меѓу Вице Заев и Александар Николовски на 22 април

Во рамки на судското рочиште од случајот во кој Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денес во Основниот суд „Скопје 2“ беа читани текстови за „кланот Заев“, во кои има обвинување за наводни криминални зделки на Вице Заев, а објавени од Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други медиуми, пренесува Фокус.

Текстовите се читаа по предлог на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, против кого Вице Заев поднесе тужба за навреда и клевета. Заев ја поднесе тужбата откако Николовски на новинарско прашање што се западни вредности за ВМРО-ДПМНЕ, одговори „сигурно не се наместени тендери за братот на премиерот Вице Заев“.

„Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена, во случај кога со слободното изразување се нарушува на угледот и правата на другите”, рече адвокатот на Вице Заев и појасни дека со изјавата му се нарушени честа и угледот.

Николовски пак истакна дека останува на одговорот кој го дал на тужбата.

„Мојата изјава е дадена како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата е дадена за да се упати критика на Владата предводена од СДСМ, со оглед на се поголемите критики во јавноста, а не да навредам некого. Делот во изјавата за наместени тендери не се однесува на Вице Заев, туку на работата на Владата. Работа на опозицијата е да ја критикува власта“, рече Александар Николовски.

Пресудата за овој случај ќе биде донесена на 22 април 2019 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…