Home Мода и убавина Препланети без сонце: Совршен тен од удобноста на вашиот дом

Препланети без сонце: Совршен тен од удобноста на вашиот дом

Производи за самопотемнување што ќе ви овозможат совршен бронзен тен пред да тргнете на одмор

Веќе одамна помина времето кога производите за самопотемнување се сметаа за табу тема. Денес се сè почесто препорачувани од дерматолози како најбезбеден начин за добивање на рамномерна препланула боја без изложеност на сонце.

Современите и напредни формули обезбедуваат природен и уедначен бронзен изглед благодарение на состојката DHA, која хемиски реагира со протеините на кожата и создава привремена златна боја. Повеќето производи денес содржат и состојки како розова водичка, позната по своето хидрирачко и смирувачко дејство, оставајќи ја кожата мека, нахранета и освежена.

Дополнителен бонус е што овие производи може визуелно да ги прикријат несовршеностите на кожата, како што се целулитот и проширените вени, овозможувајќи израмнет и угледен тен.

За да се постигне рамномерна боја со златен ефект, неопходно е претходно да се направи пилинг на телото, со цел да се отстранат мртвите клетки од површината на кожата. Исто така, важно е рацете да се измијат веднаш по аплицирањето на производот, посебно ако не сте користеле специјални ракавици, за да се избегне обојување на дланките.

Погледнете ја галеријата за избор на најдобрите производи за самопотемнување кои ќе ви помогнат да добиете сончев тен во домашни услови долго пред да го спакувате куферот за одмор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Чистачи за лице што кожата ги обожава повеќе и од филтери

Во светот на убавината, сè почнува (и завршува) со чисто лице. Без разлика дали станува зб…