Home Наука и техонологија Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќата“ од режисерот Борјан Зафировски го отвора „Синедејс“

Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќата“ од режисерот Борјан Зафировски го отвора „Синедејс“

Играниот филм „Ефектот на среќа” (The Happiness Effect), режисерско дело на македонскиот режисер Борјан Зафировски, својата премиера ќе ја има во четврток, на 7 ноември, во кино „Милениум” во Скопје. Премиерното прикажување на овој филм, истовремено, ќе биде отворање на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс”.

Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска и Сара Анастасовска. „Ефектот на среќа“ е приказна за една млада девојка која пробува да ја декодира формулата на среќата и филмот ја анализира моќта на позитивното размислување.

„Ефектот на среќа” е во продукција на „Ново македонско видео”, а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …