Преку пријателство до срцето на жената

Преку пријателство до срцето на жената

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу мажи мислат дека „пријателската зона“ значи дека никогаш нема да можат да бидат со одредени девојки, но студиите покажале поинаку…

Мажите веруваат дека штом ќе станете пријатели со жена, тоа значи дека засекогаш сте отфрлени како нејзин љубовник и емотивен партнер. Еве зошто многу мажи се плашат од „пријателската зона“. Сепак, истражувањето спроведено во Русија покажа дека мажите имаат поголеми шанси да се состанат и да станат партнери со девојки кога првпат ќе станат пријатели.

По интервјуирање на голем број жени, утврдено е дека на жените најважна им е поврзаноста, кога сакаат да стапат во врска со некого. Кога се дружат со мажи, тогаш почнуваат да се отвораат и да се поврзуваат и зближуваат со нив, што подоцна многу лесно води до создавање на поголеми и поубави чувства.

Огромен број жени признаа дека фантазираат да бидат со своите блиски машки пријатели и дека љубовта кон нив произлегува токму поради пријателството, бидејќи така успеваат да ги запознаат, да ги видат нивните добри и лоши страни, но и да воспоставете контакт со нив што подоцна сакаат да го прошират и да го направат поинтимно и страсно.

Затоа мажи, не бегајте од девојките и пријателството, бидејќи никогаш не знаете каде тоа може да ве одведе.