Home Живот и здравје Преку „Мој термин“ ќе може да се издаде сертификат за прележан Ковид-19

Преку „Мој термин“ ќе може да се издаде сертификат за прележан Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во Националниот систем „Мој Термин“ е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид 19.

Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …