Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Собранието попладнево ја прекина расправаат за законот за јазиците, која ќе продолжи по локалните избори. Пратениците шести ден по ред во рамки на 15. седница дебатира за предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање. Собранискиот спикер, Талат Џафери најави дека пратениците ќе продолжат со расправата по локалните избори.
Џафери рече дека ја прекинува дебатата согласно неговата најава дека парламентот нема да работи на почетокот на кампањата за изборите, но и „да нема чувство дека некој по секоја цена сака да постигне некоја цел“.
„Како резултат на дебатата произлезе дека од интерес на граѓаните е и потребата за носење и на соодветниот закон којшто е во редовна постапка за којшто се надевам ќе продолжиме исто така со успешна и плодна конструктивна дебата. Се надевам дека никој од учесниците оваа ситуација нема да ја користи во предизборни цели и во кампања. А тоа најдобро ќе го ценат, ќе го покажат и ќе го решат граѓаните“, рече Џафери.