Home Спорт Преговорите започнаа: Челзи тргнува по Игуаин

Преговорите започнаа: Челзи тргнува по Игуаин

Веќе одамна медиумите почнаа да шпекулираат дека Јувентус го ставил Гонзало Игуаин на трансфер листа, а од редовите на „старата дама“ не пристигна демант.

Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменуваше Челзи, а сега аргентинските медуми пренесуваат дека „сините“ го оствариле првиот контакт со напаѓачот.

Имено, претставници на Челзи вчера имале средба со неговиот брат и агент Николас за да разговааат за неговиот евентуален трансфер.

Медиумите тврдат дека Јувентус за 31-годишниот напаѓач бара најмалку 50 милиони евра, а Челзи е спремен во трансферот да го вклучи Алваро Мората.

Меѓутоа, „бјанконерите“ сакаат исклучиво кеш за Игуаин, па иако се заинтересирани за Мората, не сакаат тој да биде дел од трансферот. „Старата дама“ е спремна да го врати Шпанецот исклучиво на позајмица со право на откуп.

Едно е јасно, преговорите започнаа, Челзи го сака Игуаин, а Јувентус е спремен да го продаде.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…