Advertisements
Актуелно

Предупредуваат за „озлогласениот план А“ на Албанија – Русија повторно ја бранува политиката на Балканот

Министерство за надворешни работи на официјална Москва повторно предупредува и упатува на тоа дека дека напорите за интегрирање на балканските области населени со Албанци повторно се интензивираат.

Руската дипломатија упатување предупредување дека со тоа се комплицира дијалогот меѓу Белград и Приштина и се подрива атмосферата на меѓусебна доверба во регионот.

Руските дипломати во соопштение оценија дека „западните покровители на Тирана продолжуваат да се претвараат дека не ги забележуваат активните „големоалбански“ аспирации“.

Интензивирањето на напорите да се интегрираат областите населени со Албанци во низа соседни балкански земји и институционализацијата на овој процес во рамки на регионален сојуз на албански општини не е безопасно, се наведува во соопштението.

Руското министерство, од друга страна, наведува дека не може да се игнорираат „низата чекори кои ги презема актуелното албанско раководство, во врска со консолидацијата на „албанскиот фактор“ во рамки на регионалната политика на Тирана“.

Во тој контекст, се потсетува дека премиерот на Албанија Еди Рама „отворено кажа дека Косово за него е дел од Албанија“ и дека „обединувањето на Албанија и Косово не е план Б, туку план А“.

„Реализацијата на тој план, албанскиот премиер ја поврза со внатрешнополитичката и надворешнополитичката дебата околу можната корекција на границите на покраината, односно во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ со цел постигнување соодветно решение меѓу Белград и Приштина“, се наведува во соопштението.

Се чини, оценува руското министерство, дека во Тирана мислат дека постигнувањето таков договор меѓу Белград и Приштина претставува претпоставка за понатамошно спроведување на „озлогласениот план А“.

Министерството на Русија ги повика западните партнери на Албанија конечно да реагираат на „очигледните албанскоцентрични тежнеења“ на Тирана и, наместо да формираат сомнителни структури на локално ниво, да обезбедат Приштина да ги исполни своите обврски околу формирањето на Заедницата на српски општини на Косово.

Advertisements
To Top