Home Живот и здравје Пред се одговор на ова прашање, а потоа со партнерот под заеднички кров?!

Пред се одговор на ова прашање, а потоа со партнерот под заеднички кров?!

Кога е вистинско време за заеднички живот зависи од парот, сепак, една работа е заедничка за секој. Станува збор за прашањето кое морате да му поставите на партнерот пред да се одлучите на тој чекор.

Анкетата во која учествуваа 1000 парови требаше да открие на што најмногу се жалат на почетокот на заедниичкиот живот.

Одговараа на прашањето: „Што би сакале да промените со партнерот пред да го започнете заедничкиот живот?“. Најголемиот број парови одговориле на истото прашање: „Како ќе го поделиме плаќањето на сметките“.

Покрај тоа, 16% од паровите признаа дека распределбата на плаќањето на сметките е најтешка тема за која треба да најдат компромис.

Меѓутоа, иако ги започнувате тие теми, може да биде непријатно пред вселувањето, одложувањето на разговорот само ќе ви отежни, и ќе ја искомплицира работата. Затоа паровите се советуваат сите прашања да ги расчистат пред да се вселат во заедничкиот дом.

Поголемиот број парови проблемот го решаваат така што ги плаќаат сметките по половина, а некои пронаоѓаат и други начини за плаќањето на сметките да биде поправедно.

Било кој начин и да го одберете, најважно е на време за тоа да разговарате со партнерот за да избегнете било какво непријатно изненадување кога ќе започнете заеднички да живеете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна авантура или вистинска врска – дали летото навистина е најдоброто време за љубов или само за жешки флертови?

Летен флерт или вистинска врска: Што навистина носи летото? Деновите се подолги, температу…