Празнична временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Празничниот 8. септември во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец.

Минималната температура е во интервал од 9 до 17, а максималната ќе биде од 24 до 31 степен. УВ=7. Според астрономскиот календар, денов трае 12 часа и 53 минути.

Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти на14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 18 часот и 58 минути.

Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.