Правила кои мора да ги поставите на своето дете пред влегувањето во онлајн светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако ќе го подготвите детето за живот во реалниот свет, потребно е да ги подготвите и за онлајн светот.

Иако за влијанието на социјалните мрежи кај децата често се зборува во негативен контекст, ако правилно се користат, тие можат да бидат и корисни за детето.

Следните работи треба да ги имате предвид:

Премлади на социјалните мрежи

Знаете ли дека никој помлад од 13 години не би смеел да има отворен профил на Фејсбук? За жал, лесно е да се лаже за годините и да се пристапи на таа социјална мрежа. Одговорноста е токму на родителите. Потребно е на време да се предупредат децата кога смеат да отворат профил на социјалните мрежи и пред тоа да се потрудат да го научат детето како да го користат сигурно.

Поставки за приватност

Кога ќе дојде време за влегување во онлајн светот, погрижете се детето темелно да ги прегледа приватноста за да се оневозможи на непознатите да имаат пристап до податоците и сликите на вашето дете.

Софтвер за филтрирање

Денес на пазарот постојат многу состави за филтрирање кои можат да се купат, а ќе ви даде увид во времето минато онлајн и сите активности на компјутерот во тој период.

Поставете правила на кои детето мора да се придржува

Многу е важно, детето да се предупреди за сите опасности кои претстојат во онлајн светот и да поставите правила кои детето мора да ги почитува ако сака да биде дел од социјалните мрежи. Најлесно е сето тоа да го ставите на хартија. Дури можете да направите и мал семеен договор кој ќе треба да го почитува целото семејство. Детето така ќе чувствува одговорност, а вие ќе имате доверба од детето. Изречно забранување може да резултира токму со губење на довербата и многу е веројатно детето да се сокрива од вас дека е на социјалните мрежи.

Запознајте ги навиките на своето дете

Не е потребно секоја секунда на детето да му се „вришти“ на глава кога е пред компјутер, но морате да знаете какви навики има детето, што го интересира, кои страници ги посетува и со кои луѓе комуницира. Првите неколку месеци на детето кога ќе стапи на социјалните мрежи, треба да имате потполно пристап на неговиот профил.

Компјутерот држете го во заеднички простор во куќата

Многу полесно ќе имате се под контрола кога компјутерот се наоѓа во просторијата каде престојуваат сите членови на семејството, отколку на место каде детето ќе има премногу приватност.

Кажете му на детето да избегнува разни прашалници, огласи и наградни игри

Разни огласи, прашалници и игри се примамливи за наградите со кои често се оптеретува интернетот, а тие ќе предизвикаат најмногу внимание на детето. Предупредете го навреме своето дете дека може да се работи за вирус кој може да дојде до вашите лични податоци.

Внимавајте на сликите кои вашето дете ги поставува на социјалните мрежи

Во идеалниот свет, детето не би требало да ги објавуваат фотографиите, но да бидеме реални, детето веројатно би било „изрод“ во своето друштво ако тоа биде така. Важно е да ви се повери за содржината пред детето да ја објави фотографијата.

Бидете добар пример за своето дете

Како и во се останато, родителот треба да биде добар примет кога станува збор за користењето на социјалните мрежи. Ако непрестано се доверувате што се случува онлајн и поставите слики кои можат да ја нарушат вашата приватност, не очекувајте детето да ги почитува правилата кои му ги поставувате.

Онлајн углед
Разговарајте со детето за онлајн опасностите
Запознајте ја технологијата.